Линдзи Вон, 25 дена по страшната повреда во Милано, почна да тренира
Амерканската скијачка ѕвезда Линдзи Вон постепено се опоравува по сериозната повреда на ногата и според последните информации, нејзината состојба е значително подобрена.
Поминаа 25 дена од тешкиот пад што го доживеа на Олимписките игри во Милано, по кој мораше да помине низ неколку операции. Поради сериозноста на повредата, Вон со недели беше неподвижна и поголемиот дел од времето го помина во кревет додека траеше закрепнувањето.
Сепак, сега пристигнуваат охрабрувачки вести. Легендарната скијачка на социјалните мрежи сподели видеа на кои се гледа како повторно станува и почнува со лесни тренинзи.
Во моментов таа работи на рехабилитација на повредената нога, но истовремено се фокусира и на зајакнување на мускулите на целото тело, кои ослабеле по долгиот период без физичка активност.



