Лина Ѓорческа со пресврт до трофеј!
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, запиша нов значаен успех на меѓународната сцена, триумфирајќи на ИТФ турнирот што се одржа оваа недела во српската Куршумлиска Бања.
Во финалниот дуел, Ѓорческа ја совлада Гркинката Марта Матула со 2-1 во сетови (2-6, 6-0, 6-4), иако мечот започна тешко за неа. По загубениот прв сет, македонската тенисерка се врати во мечот со убедливи 6-0 во вториот, а во третиот сет, и покрај водството на Матула од 2-0, Ѓорческа покажа цврст карактер и со серија од три последователни гема направи пресврт. Клучниот момент беше брејкот во деветтиот гем, кога поведе со 5-4, а потоа сигурно го приведе мечот до крај.