Лефков: Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење?
Почитувани,
Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење?
Додека СДС секојдневно сее лаги, измислици и зборува за сиромаштија, нивниот претседател Филипче, со нивниот поранешен претседател Заев, плови по Егејското море во луксузна јахта вредна милиони.
Додека СДС секојдневно сее лаги како лошо се живее, нивниот Венко Филипче ужива и очигледно го нема проблемот за кој зборува неговата партија на прес-конференции. Напротив живее живот кој лекари од неговата професија од многу поразвиени држави не можат да го живеат.
Венко Филипче треба да одговори како со лекарска плата стигна до луксузно пловење на јахта? Но и по скапи ресторани, пред кои медиумите пишуваат дека бил фотографиран?
Венко Филипче треба да одговори чија е јахтата на која плови тој и Заев, дали е негова, на неговиот поранешен шеф или на фирми поврзани со нив?
Доколку јахатата е на него или на Заев колку чини истата и на кој начин е купена?
Дали оваа јахта е купена со пари од тендери или фирми поврзани со тендери, како главни или подизведувачи?
Очекуваме одговори од СДС и Венко Филипче, а секако и од ЈО, ако главниот обвинител Коцевски смее воопшто да отвори постапка или ќе спие до избори.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=IS2uKTLKK2Q
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ