Спорт

Летаа шамари и боксови на дуелот Бетис-Комо, ретко се гледа ваква тепачка на пријателски натпревар (ВИДЕО)

Тестот помеѓу Бетис и Комо донесе голема мешаница и тепачка која ретко се гледа на пријателски натпревар, главни актери беа Пабло Форналс и Максимо Пероне.

Срамни сцени на пријателскиот натпревар помеѓу Бетис и Комо, пред финишот на првиот дел настана голема мешаница со туркање и влечење, а летаа и боксови.

Главни актери беа Пабло Форналс и Максимо Перено, фудбалерот на Бетис му удри шлаканица на противникот, кој возврати со иста мера, му удри бокс на Шпанецот и тука започна хаосот.

Најлудо беше кога Чучо Ернандез се затрча и како на играците со скок проба да му удри бокс на Максимо Пероне, но го промаши и боксот заврши во лицето на неговиот соиграч Натан.

Потоа притрчаа и фудбалерите од клупата, но за среќа страстите брзо се смирија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons