Спорт

Леганес се интересира за Енис Барди

Турските медиуми објавија дека шпанскиот тим од Ла Лига, Леганес се вклучи во трката за Енис Барди, кој е надвор од тимот на Трабзонспор.

Леганес прави обиди да го ангажира македонскиот репрезентативец Енис Барди кој во првиот дел од оваа сезона во турската Суперлига запиша осум настапи или вкупно 374 минути на терените.

Барди останува надвор од тимот на Трабзонспор и неговата иднина останува неизвесна.

Се наведува дека 28-годишниот играч е заинтересиран за заминување од тимот поради недостатокот на минутажа во Трабзонспор и проблемите кои ги има со раководството на клубот.

Моментно Леганес во шпанското првенство се наоѓа на 15 позиција. Во изминатиот период излезе и шпекулација дека хрватскиот првак Динамо Загреб ја следи ситуацијата со нашиот 29-годишен фудбалер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons