Левандовски се чуди: За играчи кои немаат ниту една добра сезона, Англичаните плаќаат 60-70 милиони
Роберт Левандовски вели дека клубовите од Англија плаќаат огромни суми на пари за фудбалери кои едвај одиграле само една добра сезона, а во минатото требало да се покаже многу повеќе за волку скап трансфер.
Премиерлигашите ова лето потрошија повеќе пари отколку клубовите од Серија А, Ла Лига, Лига 1 и Бундеслига заедно.
Па Роберт Левандовски запраша дали клубовите од Англија се главните фаворити за триумф во Лигата на шампиони.
„Во Премиерлигата се троши многу. Гледате како играчи прават трансфер за луди суми иако немаат ниту една добра сезона“ – вели напаѓачот на Барселона.
„Млад си, даваш 10 гола во шест месеци и некој за тебе ќе плати 60-70 милиони евра. Претходно, треба да покажеш многу повеќе“.
„Но никогаш не се знае дали цената која ја плаќате ви го нуди квалитетот кој го барате“.