Спорт

Лајпциг му одговори на Наполи, познато е колку бараат за Елмас 

Наполи сака да го врати Елмас, испрати прва понуда до Лајпциг, но германскиот клуб бара значително повеќе.

Понудата за Наполи е 1,5 милиони евра за позајмица, плус тие да му ја плаќаат целата плата. Во договорот да има и опција за откуп од 12 милиони евра.

Понудата на наполитанците е одбиена, Лајпциг му ја достави сумата на Наполи која ја бара за Елмас.

Германскиот клуб бара три милиони евра за позајмица, со можност за откуп од 18,5 милиони евра.

Се верува дека овие суми се високи за Наполи, но не се исклучува можноста низ едни преговори двата клуба да се најдат на средина.

Лајпциг сака да врати колку што е можно повеќе од вложените пари за Елмас, а целта на Наполи е да помине што е можно поевтино.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons