Македонија

Ландов го праша Стојанче „Како можевте 7 години да малтретирате жена?“ – реакцијата ги шокираше сите (ВИДЕО)

Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете починаа по пад од балкон во Карпош, молчејќи и со правење гримаси влезе во суд. Беше прашан дали станал поголем маж со насилството кое седум години го трпела Ивана, како што тврди Обвинителството – но не одговори. За него судот извести дека останува во притвор уште осум дена. објави Скопје1.мк.

Тој молчеше и на прашањата дали чувствува вина, дали со молчење се брани и во судот каде ќе се одлучува за неговиот притвор откако Обвинителството отвори истрага. 

– Кога беше прашан од нашата екипа „како можевте седум години да малтретирате жена“, тој мавташе со главата.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за Стојанче Јовановски осомничен за кривични дела наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста, во врска со трагедијата во скопската населба Карпош во која починаа Ивана Јовановска и шестгодишна ќерка Катја.

https://www.instagram.com/reel/DVl2p_lDxzH/?igsh=OW1yeGQ0ZXR3eWY3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons