Спорт

Ламин Јамал е новото „Златно момче“, најдобриот млад фудбалер во Европа

Фудбалерот на Барселона и на шпанската репрезентација, Ламин Јамал, е добитник на престижната награда „Златно момче“ (Golden Boy 2024), која се доделува секоја година на најдобриот млад играч во Европа под 21 година. Ова признание го доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“.

Јамал минатата година заврши на второто место во изборот, зад Џуд Белингам од Реал Мадрид, кој тогаш ја освои наградата.

Во 2024 година, 17-годишниот Јамал ја збогати својата кариера со триумф на Европското првенство со репрезентацијата на Шпанија, со што значително ја зацврсти својата кандидатура за наградата.

Јамал беше избран меѓу 25 номинирани играчи, вклучувајќи ги Коби Мејно и Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед, Кенан Јилдиз и Самуел Мбангула од Јувентус, како и талентираните Ендрик и Арда Ѓулер од Реал Мадрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons