Спорт

Лазаров: На ЕП ќе го дадеме најдоброто, па ќе видиме за што ќе биде доволно тоа

Македонските ракометари од денеска ги почнаа подготовките за Европското првенство кое во јануари го играме во Данска.

Селекторот Кире Лазаров повика 21 ракометар за подготовките кои следат, а пред медиумите зборуваше за неговие очекувања. Лазаров истакна дека за Македонија е најважно што и овој јануари го задржавме континуитетот со настапи на големи натпреварувања.

„Во континуитет неколку години играме на големи натпреварувања и тоа е многу важно за македонскиот спорт, посебно за ракометот, но и навивачите од кои имаме максимална поддршка во изминатите две децении. На Европското првенсство се најдобрите во Европа, тоа е дури и поквалитетно од Светското. Нема на што да се жалиме или да тагуваме, бидејќи од трет шешир и не можете да добиете полесна група, прашање е само дали ќе биде: Данска, Франција или Германија. Ние ја добивме Данска, светски и олимписки шампион. Од вториот тука е Португалија која се бореше за медал на последниот Мундијал, а од последниот а имаме Романија“, вели Лазаров.

„Спортски е да се бориме и да го дадеме најдоброто, имаме добри услови од федерацијата. Составот е тој и од стандардните ќе ни фали Милан Лазаревсски кој уште е повреден и нема одиграно ниту еден натпревар во последните месеци. Шанса ќе добијат други раакометари, не е реално да даваме некои големи очекувања. Ќе го дадеме најдоброто, а ќе видиме за што тоа „најдобро“ ќе биде доволно“, истакна селектороот.

Без разлика со кого играме, Лазаров потенцираше дека мораме да бидеме оптимисти.

„Данска освен што е најдобра во светот, е и домаќин. Португалија созрева во силна репрезентација, ние малку ја променивме генерацијата, а ова ЕП дел од ракометарите Се поискусни со настапот минатата година. Мораме да сме умерени оптимисти, Романија не смееме да ја потцениме, имаат голема традиција и максимално ќе се спремиме и за неа, нема да ја потцениме, иако во последните години имаат проблеми“, смета селекторот.

„Ние пополека градиме победнчки карактер, респект имаме максимален, спортски е да се надеваме. Имаме доволно време за подготовка и веќе подобро се познаваме Јас очекувам подршка за овие млади момци, имаме еден, двајца поикусни со над 30 години, другите се помлади. Верувам дека, ако ја почувствуваат поддршката ќе вратат со добар настап. Јас верувам во оваа селекција, да одиме ден по ден, чекор по чекор“.

Пред Мундијалот кој започнува на 21 јануари, Македонија ќе одигра и неколку пријателски натпревари.

„Ќе имаме пријателски натпревари со Хрватска, Бахерн, Украина и веројатно уште еден тест. Така оние кои не добиваат премногу шанса во клубовите, ќе играат повеќе во овие дуели за да дојдат до некоја подобра натпреварувачка форма. Малку го сменивме концептот и нема толку физички да се фокусираме ќе одиме повеќе на воигрување на тактичките замисли“, откри Лазаров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons