МакедонијаНајново

Лажна дојава за поставена бомба во основно училиште во Куманово – била испратена по мејл

Лажна дојава за поставена бомба денеска била испратена до основно училиште во Куманово, по што веднаш реагирале полициските служби.

Од СВР Куманово информираат дека околу 12:50 часот била примена пријава дека на електронската адреса на едно основно училиште во градот е испратена закана за експлозивна направа. По добиената дојава, полицијата презела итни мерки и извршила проверки на терен.

По деталната контрола, било утврдено дека станува збор за лажна пријава и дека нема опасност за учениците и вработените.

Од полицијата посочуваат дека се преземаат активности за целосно расчистување на случајот и откривање на испраќачот на заканата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons