Спорт

Лага биле написите за жестока парична глоба, Слот откри зошто Екитике нема да биде казнет

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот демантираше дека Уго Екитике ќе добие жестока казна за црвениот картон против Саутемптон, вели дека напаѓачот е млад и секој може да погреши.

Уго Екитике има фантастичен старт на авантурата во Ливерпул, но напаѓачот направи глупост против Саутемптон, го соблече дресот при прославата на голот за водство од 2-1 па доби втор жолт картон и беше исклучен.

Се најавуваше дека Французинот ќе биде жестоко казнет со две недели плати (се шпекулира со сумата од 500.000 фунти), но Арне Слот го демантираше ова.

„Не сме го казниле Екитике. Тој веднаш им се извини на соиграчите. Уго е млад, но грешки прават сите фудбалери, и во овој клуб, имаме право да направиме грешка без да се изрече казна“ – вели тренерот на Ливерпул.

„Тој е фантастичен како човек. Ако го прашате персоналот да ви кажат кои тројца се најтопли и најљубезни играчи, Екитике сигурно ќе се најде на списокот“.

„Па тој може да направи грешка. Да, потегот е глупав, но не донесе штета на тој натпревар. Можеби ќе ни создаде проблеми во утре, но Киеза покажа дека е подготвен да одговори на предизвикот“.

ФОТО: fb/Liverpool FC

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons