Спорт

Куртоа се враќа во репрезентацијата, ќе брани против Македонија 

Тибо Куртоа е подготвен за камбек во репрезентацијата на Белгија откако извонредниот голман самиот најави дека ќе се врати во националниот тим откако пред една и пол година објави дека веќе нема да ја чува мрежата на „црвените ѓаволи“.

Асот на Реал Мадрид беше во конфликт со екс-селекторот Тедеско, а откако тој доби отказ и на негово место пристигна Руди Гарсија, Куртоа објави дека се враќа во дресот на Белгија.

„Мина една и пол година, сега сум подготвен. Имаше се и сешто, прво повреди, па некое време бев на клупата. Ми недостигаше играњето за репрезентацијата, но сега сум подготвен“, објави Куртоа.

Белгија се наоѓа во истата квалификациска група за СП 2026 со репрезентацијата на Македонија, а „црвените ѓаволи“ првиот меч од овој квалификациски циклус ќе го играат токму во Скопје, во дуелот закажан за 6 јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons