Кузмановски: Ќе покажеме како се игра за Македонија, веруваме дека ќе ја израдуваме нацијата!
Ова е нов голем настан за нашиот национален тим, настан до кој дојдовме по тешката бараж битка со Фарски Острови, па сега постои оптимизам дека ќе се прикажеме во најдобро светло на мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
-Голема благодарност до Македонски Телеком за поддршката во сите овие години. Беше тешко да се минат Фарските острови особено по оној прв пораз, ама верувавме, македонскиот инает и срце беа клучни. Така треба да изгледа Македонија.
-Групата ни е тешка, добро ги анализираме противниците, максимално се подготвуваме за секој дел и верувам дека максимално подготвени ќе го дочекаме стартот. Ќе покажеме како се игра за Македонија. Имаме високи цели и веруваме во нашиот квалитет, со надеж дека ќе ја израдуваме нацијата, -порача капитенот Филип Кузмановски.