Спорт

Кузмановски е прв стрелец на Светското првенство по првите две фази 

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски со 49 голови се наѓа на делба на првото место на листата на стрелци по двете групни фази на Светското првенство.

До оваа бројка, бомбардерот на Пелистер стигна на шест меча што е просек од над осум гола по натпревар со 69% ефикасност. Заедно со него, на чело на листата на стрелци е и данскиот ракометар Матијас Гидсел со тоа што тој има послаб процент од Кузмановски (67%), но само еден гол постигна од пенал, за разлика од нашиот репрезентативец кој 13 пати погоди од линијата од седум метри.

Втор стрелец во македонскиот национален тим е Марко Митев со 22 гола, а трет е Жарко Пешевски со 19.

Македонија го заврши настапот на Мундијалот, па веќе со почетокот на нокаут фазата се очекува Кузмановски да падне од првата позиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons