Крстарењата со бродови и катамарани се најатрактивни за туристите во Охрид
Крстарењата со бродови и катамарани по водите на Охридското Езеро и оваа сезона најатрактивни за туристите. Прошетките до Свети Наум, Заливот на коските, Свети Јован Канео, дивите плажи кои можат да се видат само од другата страна на градот се најпосетените места од страна на гостите воодушевувајќи се од убавините.
Забави, запросувања ноќните крстарења се почесто се бараат од гостите кои моментално ги има од сите краеви ширум светот.
Туристичките водичи посочуваат дека Охрид е доста привлечна детинација за одмор и рекреација.
Традиционално, Охрид шпицот на туристичката сезона го достигнува токму за празникот „Илинден“, така што во градот и туристичките населби се бара легло повеќе.