Свет

Крвав напад во метро во Тајван: Три лица убиени, девет повредени

Најмалку три лица се убиени, а девет се повредени во нападот што го потресе тајванскиот главен град Тајпеј синоќа. Напаѓачот, вооружен со нож и димни бомби, ширел паника на станици на метрото за време на најголемата гужва, а подоцна починал откако паднал од зграда додека полицијата се обидувала да го уапси, јавува Би-би-си.

Нападот започнал околу 17:20 часот по локално време на главната станица на метрото во Тајпеј. Според тајванскиот премиер Чо Јунг Таи, 27-годишниот осомничен, идентификуван како Чанг Вен, прво активирал димни бомби и молотови коктели. Маж кој се обидел да го запре бил удрен со тап предмет и подоцна починал во болница.

Напаѓачот потоа избегал низ подземен трговски центар до блиската станица Џонгшан, оддалечена околу 800 метри. На патот, застанал до својот хотел за да земе оружје, а потоа се вратил на улицата пред станицата Џонгшан, каде што активирал уште димни бомби и напаѓал случајни минувачи со нож.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons