Крастев: Зарем да се плашиме од репрезентации како Македонија
На 2 јуни во Разград, Бугарија ја пречекува Македонија во меч од Лигата на нации, во нашата група се уште и селекциите на Грузија и Гибралтар.
Бугарскиот фудбал во последните години е многу далеку од тоа што беше во минатото, па нивната нација стравува од нови неуспеси. Сепак имаат фудбалери кои се полни со самодоверба. Таков е Филип Крастев од Левски Софија кој вели дека не треба да се плашат од селекции како Македонија и Грузија.
„Знам дека во изминатите години беше тешко, имавме лоши настапи, малку победувавме, но се надевам дека работите ќе се променат и ќе ја вратиме старата слава на Бугарија. Зарем треба да се плашиме од селекции како Македонија, Грузија… Ние не сме тим кој стравува од такви држави“, вели Крастев. Оваа негова изјава може да влијае само како дополнителен мотив за нашите фудбалери.