Спорт

Крадци украле камион со дванаесет тони „КитКат“ наменети за повеќе пазари низ Европа

Дванаесет тони од познатиот бренд за чоколадни слатки „КитКат“ исчезнаа во Европа минатата недела откако крадци го украле камионот што ги превезувал, соопшти денеска швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле“, пренесува Си-Би-Ес Њуз.

Од „КитКат“ велат дека камионот со 413.793 чоколадни плочки од нивната нова линија тргнал од централна Италија за да ги дистрибуира чоколадите низ Европа, но никогаш не стигнал до својата крајна дестинација во Полска. Возилото и товарот сè уште не се пронајдени. „Нестле“ не откри точно каде исчезнал камионот.

Во посебно соопштение, „КитКат“ објави дека исчезнатите плочки можат да се следат преку уникатен сериски код. Секој што ќе ги скенира кодовите на украденото чоколадо ќе добие инструкции како да стапи во контакт со „КитКат“.

„Иако го цениме исклучителниот вкус на криминалците, останува фактот дека кражбата на товар е сè поголем проблем за бизнисите од сите големини“, соопшти „КитКат“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons