Магазин

Кој е најстресниот град на светот, а кој најрелаксиран?

На врвот на листата на најстресни дестинации во светот се наоѓа Париз, кој годишно го посетуваат повеќе од 47,5 милиони туристи.

Париз е град чие разгледување е исцрпувачко и стресно, поради преголемата гужва на туристи, па затоа е невозможно да се опуштите при посетата на знаменитостите на градот.

Градот на светлината, уметноста и модата, кој вклучува сè што човекот може и не може да го замисли. Град каде што дури и насмевката се наплаќа.

Во неодамнешна студија спроведена од компанијата „Дипендајв“, која опфати 51 параметар на животот и туризмот во градовите низ целиот свет, следеше фактори како што се стрес, загадување, бучава, квалитет на воздух, стапка на криминал, сообраќајни метежи и трошоци за живот.

На врвот на листата на најстресни дестинации е Париз, кој годишно е домаќин на повеќе од 47,5 милиони туристи на површина од само 105 квадратни километри.Тоа го прави десет пати погусто населен од Њујорк.

Иако Париз доби просечни оценки во категориите временски услови и безбедност, токму високата концентрација на посетители беше пресудна за да ја понесе титулата најстресен град за туристички посети.

На второ место се најде Ханој, главниот град на Виетнам, кој забележа највисоко ниво на влажност меѓу анализираните градови, што го рангира меѓу физички најнепријатните дестинации. Голем број посетители на градот истакнаа дека им пречи гужвата и високата температура.

Кинескиот Шангај го зазеде третото место на листата на стресни градови, кои годишно ги посетуваат 300 милиони туристи, со густина од 47.318 посетители на квадратен километар. Градот е рангиран меѓу 20-те најлоши кога станува збор за стапката на стрес и криминал.

Истражувањата покажаа дека оние кои сакаат да се одморат и да го избегнат стресот треба да го посетат Дубаи, кој годишно привлекува 17,1 милиони туристи. Поради одличниот урбанистички распоред, гужвата е незабележлива. Дубаи се издвојува со најниска стапка на криминал меѓу анализираните дестинации.

На второ место како најрелаксиран град се најде Минхен во Германија, кој има ниска стапка на криминал, добри временски услови и релативно умерен број туристи, што го прави помирна дестинација во споредба со другите европски градови.

Второто место на листата на градови со најмала туристичка густина го зазема Мелбурн во Австралија со 1.265 посетители на квадратен километар. Климата е блага, а влажноста на воздухот е добра.

Истражувањата потврдуваат дека стресот при патувањето не е поврзан само со оддалеченоста или цената, туку често зависи од атмосферата во градот, бројот на туристи и основните услови за престој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons