Актуелно

Која е причината за труењето на питомци од Воената академија? 

На домашно лекување е пуштен питомецот од Воената академија “Генерал Михајло Апостолски” кој беше хоспитализиран на Инфективна поради симптоми на труење. Во текот на вчерашниот ден уште еден негов колега побарал лекарска помош на клиниката, но како што ни потврди директорот на установата, истиот бил само амбулантски третиран.

Се уште не е познато што е причината за труењето во академијата каде дваестина питомоци и офицери пред два дена се пожалиле на мачнини со повраќање а стомачни тегоби имале и четворица војници во касарната “Боро Менков” во Куманово.

Од скопскиот центар за јавно здравје утре или во понеделник ќе имаат резултати од земените примероци од вработени во кујната. Во обработка се и мострите земени од Институтот за јавно здравје.  

-Еве и дененска работат дел од вработените во Институтот за јавно здравје како би можеле да дадете најбрзи резултати, но знаете дека има одредени процедури да поминат за да може да кажеме дали има или нема во земените мостри нешто што би го предизвикало труењето. ИЈЗ има земено мостри од прехрамбени производи од кетеринг службата во Скопје што ја носела храната, мостри од површини исто од кетеринг службата, од вода како и мостри од фабриката од Струмица што произведувала слатки, изјави Марија Андоновска, директор на ИЈЗ

По пријавата за масовно труење, вонреден инспекциски надзор направиле екипи од Агенција за хана и ветеринарство, ДСЗИ, Од ИЈЗ и скопскиот центар за јавно здравје. Земале примероци за испитување од кујната каде се подговтвувала храната, од мензата во касарната како и комбињата за транспорт.  

Инаку сите што побарале помош на Инфективна имале симптоми на гадење, повраќање, болки во стомак а некои и дијареа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons