Магазин

Која е најздравата риба? Овој изненадувачки избор број 1 го победи лососот! 

Рибата е нискокалорична, високопротеинска храна преполна со хранливи материи, но многу луѓе не ја јадат доволно.

Се препорачува да се консумираат две порции риба или морски плодови неделно, а постојат бројни опции кои можат да ни помогнат да ја постигнеме оваа цел.

За најздрави риби, врз основа на достапноста и хранливоста, се сметаат сардините. Конзервираните сардини се полни со омега-3 масни киселини кои помагаат во намалување на воспаленијата и се поврзуваат со намален ризик од депресија, срцеви болести и мозочен удар.

Фото: Alexego01 / GoodFon

Конзервираните сардини се исто така преполни со калциум – една порција има приближно минерали колку една чаша млеко. Тие се исто така значаен извор на витамин Д, кој помага во апсорпцијата на калциумот.

Поради сето ова, сардините го надминаа лососот, пишува „Тудеј“.

Студија од 2021 година објавена во списанието „Клиникал нутришн“ открила дека луѓето со предијабетес – кои се изложени на висок ризик од развој надијабетес тип 2 – доживеале намалување на маркерите што укажуваат на помал ризик од дијабетес тип 2 и срцеви заболувања кога двапати неделно вклучиле сардини во нивната исхрана, во споредба со оние кои биле на диета за превенција од дијабетес тип 2 која не вклучувала сардини.

На списокот здрави видови риби се наоѓаат и лососот, пастрмката, туната, бакаларот, бранцинот и инчуните, додека љубителите на морска плодови можат да избираат помеѓу школки, лигњи, ракчиња, шкампи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons