Свет

Кошта: Зградата на мисијата на Европската Унија е оштетена во руските напади врз Киев 

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска изјави дека е „ужаснат“ од новата серија смртоносни руски напади врз Киев, во кои беше оштетена и зградата на дипломатската мисија на Европската Унија (ЕУ).

„Моите мисли се со украинските жртви и со персоналот на делегацијата на ЕУ, чија зграда беше оштетена од овој намерен руски напад“, напиша Кошта на мрежата Икс.

„ЕУ нема да биде заплашена. Руската агресија само ја зајакнува нашата решеност да ја поддржиме Украина и нејзиниот народ“, додаде претседателот на Европскиот совет.

Според најновите бројки, бројот на жртви од ноќниот руски напад врз Киев се искачи на четиринаесет мртви, вклучувајќи едно дете, повеќе од 30 се повредени.

„Четиринаесет лица загинаа, вклучувајќи едно дете. Повеќе од 30 лица беа повредени, вклучувајќи четири деца и еден тинејџер“, додека еден од нападите делумно уништи станбена зграда во источен Киев, соопшти денес украинското обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons