Спорт

Конференциска лига: Белоруски предизвик за Работнички, Вардар доби ривал од Сан Марино 

Денеска со жрепка во Нион, Швајцарија се дознаа паровите за првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Три македонски екипи ќе настапуваат од првото квалификациско коло: Силекс, Работнички и Вардар.

Вицешампионот Силекс, клубот од Кратово, за противник го доби црногорскот клуб Дечиќ.

Потоа, Работнички, кој заврши како третопласиран минатата сезона во првенството, ќе ги одмери силите против белоруската екипа Торпедо Белаз.

И освојувачот на Купот, тимот на Вардар ќе игра против Ла Фиорита 1967 од Сан Марино.

Сите наши претставници ќе ги играат своите први натпревари на гостински терен на 10 јули 2025 година, а седум дена подоцна се реванш средбите.

Конференциска лига 2025/26

Прво квалификациско коло

Дечиќ (Црна Гора) – Силекс (Македонија)

Торпедо Белаз (Белорусија) – Работнички (Македонија)

Ла Фиорита 1967 (Сан Марино) – Вардар (Македонија)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons