Спорт

Консеисао ќе биде новиот тренер на Милан 

Фудбалерите на Милан ремизираа со Рома во 18. коло од Серија А, во меч на кој тренерот на „росонерите“ Пауло Фонсека доби црвен картон во првото полувреме.

Сето тоа го принуди раководството на Милан да му врачи отказ на Фонсека, пренесува добро информираниот новинар Фабрицио Романо.

Романо тврди дека веќе имаат подготвена замена на „Сан Сиро“ и дека тоа ќе биде Сержо Консеисао.

Инаку, Консеисао има искуство кога е во прашање италијанската лига, но само како играч, откако на крајот на минатиот век и на почетокот на овој век настапуваше за Лацио, Парма и Интер.

Португалецот Консеисао вчера пристигна во Милано и веќе го потпиша договорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons