МакедонијаНајново

Комитетот на министри на советот на Европа: Бугарија 17 години не почитува судски одлуки и одбива да регистрира македонски здруженија

Во својот најнов извештај Комитетот на министри на Советот на Европа  истакнува дека властите во Бугарија и натаму не ги почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права. Исто така Бугарија одбива да реигстрира и македонски здруженија кои се залагаат за признавање на македонското малцинство во Бугарија.

„Овие случаи се однесуваат на одбивањето на националните судови меѓу 1999 и 2015 година да регистрираат здруженија чија цел е да се постигне признавање и заштита на интересите на македонското малцинство во Бугарија. Одбивањата беа засновани врз заштитата на националната безбедност и јавниот ред, уставната забрана на здруженија кои остваруваат политички цели, како и врз неисполнувањето на формалните законски барања. За сето ова Европскиот суд утврди дека е неоправдано и непропорционално мешање во правото на слобода на здружување, бидејќи здруженијата кои се жалеле не се залагале за употреба на насилство или други недемократски средства за постигнување на нивните цели. Неколку од целите на здруженијата беа означени како политички, што не беше доволна основа за одбивање на регистрацијата“, се вели во извештајот на Комитетот на министри кој жали што повеќе од 17 години се одбива регистрација на здруженијата кои се залагаат за признавање на македонското малцинство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons