Актуелно

Комисијата препорачува укинување на сите мерки, задолжителното носење маски останува само на овие места 

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.

Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со Ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons