Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија
Почитувана македонска јавност,
СДС и нивната непромислена политика на виткањекичма ја донесе Македонија до степен на негација од страна на Бугарија.
Работи на кои претходно бугарската политика гледала како на невозможни, затоа што се во корен неразумни и неморални за Заев и Филипче се пракса во нивното делување.
Политиката на Пендаровски, Заев и Филипче и донесе на Македонија бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на ЕП.
Сега се гледаат штетите кои СДС ги направи врз државата во целиот свој спектар.
Дотолку повеќе се гледа колку државата ќе беше дополнително заглавена, доколку ВМРО-ДПМНЕ не се спротиставеше во корен на штетните политики на СДС.
Бришењето на јазикот и идентитетот од Извештајот на ЕП се доказ дека на Бугарија никогаш не и било до Бугари во Устав. Сосема спротивно, тоа е само алатка за целосна негација на државата.
ВМРО-ДПМНЕ упатува порака, дека нема да се помрдне ниту милиметар без да имаме почитување од страна на Бугарија, и гаранции од европските институции.
Ова е злоупотреба на ЕУ од страна на Бугарија, и киднапирање на целиот процес.
Ви благодарам.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ