Ковачки: Повторно предложивме амандман за проектирање и изградба на ЕКСПРЕСЕН ПАТ од Кочани до Делчево (преку Калиманско поле)
ЗА експресен пат Кочани-Делчево.
Денеска во Собранието започнува расправата за ребалансот на буџетот за 2022 година.
Од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, помеѓу останатото, се предложени и амандмани кои се од исклучително значење за граѓаните од источниот дел на државата кој во последните 5 години е запоставен.
Имено, повторно предложивме амандман за проектирање и изградба на ЕКСПРЕСЕН ПАТ од Кочани до Делчево (преку Калиманско поле).
Со изградба на овој експресен пат, ќе се зголеми безбедноста на патувањето, ќе се скрати времето за транспорт на роба и патување на граѓани и комплетно ќе се отворат за инвестиции и развој на општините од крајниот исток на државата.
Исто така, во интерес на меѓудржавната соработка со Бугарија, со овој предлог даваме можност и покажуваме дека во целост сме на линија на изградба на инфраструктура која ќе ги поврзува двата народи.
Овој амандман минатата година беше одбиен од страна на владејачкото мнозинство на ДУИ и СДСМ.
Ги повикувам пратениците од мнозинството на СДСМ во македонското Собрание да дадат поддршка на оваа идеја и да гласаат ЗА.
Со гласање ЗА, конечно ќе имаат шанса да гласаат за европска Македонија која ја ветија и каква ја заслужуваат и македонските граѓани од истокот на државата.