Клуб од Шпанија тргнува по Елиф Елмас
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас би можел да се пресели во Ла Лига доколку успешно завршат преговорите меѓу Реал Сосиедад и Лајпциг.
Сосиедад е во потрага по нов клуб, а Елмас е високо на нивната листа со желби.
Реал Сосиедад има добри односи со РБ Лајпциг, што може да биде клучно за реализација на трансферот, а се најавува дека токму оваа недела ќе биде решавачка за официјална понуда. Германскиот клуб нема против продажба на Македонецот, ама очекува да заработи барем дел од сумата која ја вложи во трансферот.
Елмас е еден од најдобрите македонски фудбалери во поновата историја. Сениорската кариера ја започна во Фенербахче, каде блесна како тинејџер, по што следуваше трансфер во Наполи. Во Серија А освои Скудетото и стекна големо меѓународно искуство. Потоа замина во Лајпциг каде што не се изнаигра, а минатата полусезона ја мина на позајмица во Торино, каде постигна 4 гола на 13 натпревари.
Сега е под договор со Лајпциг, но желбата за нов предизвик е јасна бидејќи Елмас сака редовно да игра.