Кина спроведе вежби во близина на Тајван: „Ова е одговор на провокација“
Кинеската војска соопшти дека денеска спровела вежби во морето и воздушниот простор во близина на Тајван, како одговор на неодредената „провокација” од Тајван и од САД, пренесе Ројтерс.
Ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да го одбраниме суверенитетот и територијалниот интегритет, објави во соопштение командата на Источниот округ на Народноослободителната армија, без да прецизира детали.
„Ова е решителен одговор на сегашната ескалација на дослух и провокацијата од Соединетите Американски Држави и Тајван“, се додава во соопштението, без да се наведат детали.
Тајван, за кој Кина тврди дека е своја територија, се пожали на повторени кинески воени активности во близина во последните три години, додека Пекинг се обидува да изврши притисок врз Тајпеј да го прифати кинескиот суверенитет.
Тајванското Министерство за одбрана одби веднаш да коментира.