Кик бокс клубот Шампион од Балкан бест фајтер со 10 медали
КБК Шампион на Балкан бест фајтер одлично се покажа и освои 4 злата, 2 сребра и 4 бронзи.
Задоболен сум од натпреварувачите и постигнатиот успех. Посебно сум задоволен од успехот на мојот син Максим Митровски кој премина од татами борбите во ринг каде ова му е втора борба во Лоу Кик каде избојува победа со 3:0 и во текот на борбата на противникот од Србија му направи две броења каде двапати го праќаше во нокдаун и доминираше преку целата борба, изјави Дејан Митровски-Урко.
Сите натпреварувачи покажаа одлична пожртвуваност и борба.