Спорт

Кевин Деко пред Мундијалот: Македонија е нација со силна ракометна култура

Машката ракометна сениорска репрезентација на Гвинеја е еден од ривалите на Македонија на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка (14 јануари – 5 февруари 2025 година).

Покрај Гвинеја, во хрватскиот град Вараждин нашите најдобри ракометари ќе играат и против Унгарија и Холандија.

Африканската селекција Гвинеја има талетни ширум светот, со клучни ракометари кои настапуваат во француски клубови. Гвинеја за прв пат во нејзината историја ќе учествува на Светско првенство.

Гвинејците како петтопласирани во африканскиот шампионат минатата година обезбеди пласман на СП.

– Квалификациите се кулминација на долго патување – за секој спортист од највисоко ниво, кулминација е светското првенство, но ние сме во тешка група со европските нации кои се навикнати на големи светски натпреварувања – рече селекторот на Гвинеја, Кевин Деко.

Деко ги коментираше и противниците во групата на Мундијалот:

– Македонија е нација со силна ракометна култура, со врвни клубови како Вардар кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите, а што се однесува до Холандија, тие имаат квалитетни играчи како Лук Стајнс кој игра за Пари Сен Жермен. Унгарија ќе биде фаворит во групата, тим кој секогаш завршува меѓу осумте најдобри на глобално ниво, во комбинација со многу конкурентна домашна лига и играчи базирани во врвни клубови. Ќе играме без никаков комплекс на СП, немаме што да загубиме, можеме само да добиеме – се зборовите на Деко на официјалниот сајт на ИХФ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons