Спорт

Карло Анчелоти е најплатен селектор на светот 

Легендарниот Карло Анчелоти донесе одлука да стане селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, а по крајот на сезоната ќе се раздели со Реал Мадрид.

Неговиот договор ќе важи до крајот на Светското првенство во 2026 година, кое Бразил сака да го освои со него на клупата. Бразилците го освоија Светското првенство пет пати, последен пат во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја.

Вчера ги дознавме сите детали за неговиот ангажман во Бразил, но неговата плата „се појави“ дури денес, а за тоа пишуваше мадридски „АС“.

Според весникот, трофејниот Италијанец треба да заработува 770.000 евра месечно, односно 9.200.000 евра годишно. Ова е двојно поголема сума од платите на последните двајца бразилски тренери, Тите и Доривал Жуниор.

Оваа сума е поголема од приходите на Томас Тухел, кој досега беше најплатениот селектор во светот. Германецот на клупата на Англија заработува 7.200.000 евра годишно.

Подолу можете да ја видите листата на најплатени тренери во светот во моментно, а Анчелоти веднаш се искачи на првото место.

1. Карло Анчелоти (Бразил) 9,2 милиони евра годишно

2. Томас Тухел (Англија) – 7,2 милиони евра

3. Маурисио Покетино (САД) – 5,5 милиони

4. Ерв Ренар (Саудиска Арабија) – 5 милиони

5. Јулијан Нагелсман (Германија) – 4,8 милиони

6. Роберто Мартинез (Португалија) – 4,1 милиони

7. Дидие Дешан (Франција) – 3,8 милиони

8. Марсело Биелса (Уругвај) – 3,7 милиони

9. Рикардо Гарека (Чиле) – 3,4 милиони

10. Лионел Скалони (Аргентина) – 2,4 милиони

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons