Спорт

Карбеска и Илиева ќе го судат романското дерби во ЛШ 

Македонските ракометни судии Силвана Карбеска и Марија Илиева се делегирани во новото коло на женската ракометна ЛШ.

Тие ќе бидат дел од романското дерби во женската ракометна Лига на шампиони. Карбеска и Илиева ќе го судат мечот меѓу  Рапид Букурешт и ЦСМ Букурешт, од кој дел ќе биде македонското крило Сара Ристовска како член на Рапид.

Мечот меѓу големите романски ривали кој е битка за четвртфинале во елитното друштво се игра на 22 март.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons