Каратистите на Металург третопласирани на меѓународниот турнир Ќустендил опен
Карате клубот Металург настапи на меѓународниот турнир во Бугарија, Ќустендил опен, и се претстави во одлично издание.
Натпреварувачите што сите на Државното првенство обезбедија пласман за Балканското првенство сега ја проверуваат формата во Бугарија.
После настапите во Србија, Црна Гора, Косово, Словенија и Романија како и на домашните карате турнири следуваше и овој натпревар каде се вршеше проверка на психофизичката состојба на каратистите на Металург. Во генералниот пласман на Ќустендил опен се третопласирани и тоа со девет натпреварувачи достојно ја претставија Македонија и клубот.
Севкупно Металург освои осум медали од кои шест златни, и по еден сребрен и бронзен медал.
– Сега одиме уште малку појако и уште малку до остварување на ЦЕЛТА- медал од БАЛКАНСКО И ОД СВЕТСКА КАРАТЕ ЛИГА!!! – објавија од карате клубот Металург.
Од нашата земја уште два клуба освоија медали на Ќустендил опен, Карате клубот Цветан Димов – Скопје два бронзени и ЈКШ Центар Самурај – Скопје еден бронзен медал.