Спорт

Канзас се откажа од Мато, Хартс верува дека работата е завршена

Роџерс Мато е во центарот на вниманието на шкотската и македонската фудбалска јавност откако Хартс соопшти дека потпишале договор со напаѓачот на Вардар, а македонскиот клуб денеска излезе со соопштение дека прифатиле понуда од Канзас Сити.

Ден по соопштението на Хартс дека Мато потпишал за нив пред-договор кој се активира во јуни и ќе го добијат како слободен играч, Вардар излезе со објава дека прифатиле милионска понуда од Канзас Сити и останува уште фудбалерот да ги договори личните услови.

Портпаролот на Хартс за шкотските медиуми даде изјава по објавата на Вардар во која тврди дека ништо нема да се промени.

„Ние потпишавме договор со фудбалерот и релаксирани сме околу целата ситуација“,изјави портпаролот на Хартс за „Единбург Њуз“.

Овој медиум стапил во контакт и со портпаролот на Канзас Сити од каде добиле изјава дека тие веќе се откажале од намерата да го ангажираат Мато.

„Спортинг Канзас Сити ја разгледуваше можноста за трансфер на Роџерс Мато но тој одбра да потпише пред-договор со Хартс и ние му посакуваме се најдобро во иднина“,вели портпаролот на американскиот клуб.

Останува да се види дали ова ќе биде крајот на сагата за Роџерс Мато или таа ќе продолжи во некој правец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons