Камион удрил во Боинг на лондонски Хитроу, возачот ги помешал сопирачката и гасот
Камион удрил во Боинг 787-9 на компанија од Саудиска Арабија на аеродромот Хитроу пред три дена, правејќи дупка во авионот и предизвикувајќи долги одложувања, пренесува Мирор.
Возачот изгубил контрола над камионот кој удрил во авионот на земја, откако го помешал педалот за гас со сопирачката. Ова се случило само неколку минути откако патниците на летот СВА105 од меѓународниот аеродром Крал Абдулазиз во Џеда, Саудиска Арабија, се симнале од авионот на терминалот 4 на лондонскиот аеродром.
Носачите на багаж на местото на настанот опишаа како возачот ги помешал педалите на камионот и ја предизвикал штетата. „Возачот веројатно се обидувал да изведе безбедносен протокол за маневрирање каде што треба да ги притисне сопирачките неколку пати кога се приближува до авионот.“
Тие имаат протокол според кој мораат целосно да застанат неколку пати додека се приближуваат до авионот. Мислам дека го измешал педалот за гас со педалот за сопирање и удрил во авионот. Бидејќи трупот на авионот беше дупнат, пристигнале противпожарната служба и полицијата.
„Тој авион нема да може да лета уште долго бидејќи треба да се замени и мора да биде херметички затворен за да може да лета, се разбира“, објаснуваат вработените. Следниот лет од Хитроу до Џеда беше откажан, а патниците на оригиналниот лет мораа да чекаат за подигање на багажот.