Спорт

Калин Ивановски ќе настапи на фјучрс-турнирот во Букурешт 

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пријави за настап на фјучрс-турнир по еден месец и ќе биде дел од настанот во Букурешт, Романија.

Loading...

Ивановски имаше проблеми со повреда, беше подложен и на операција, па ја бара својата стара форма. Ќе биде дел од квалификациите на ИТФ-фјучрсот во Букурешт, кој започнува околу средината на февруари.

Последен настап на Ивановски беше на силниот челенџер турнир Кливленд Опен каде беше елиминиран пред неколку дена. Во моментов, Ивановски заради неактивноста со повредите на АТП-листата се наоѓа на 1.317 место.

Турнирот во Букурешт се игра од 10 до 16 февруари.

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Hide Buttons