Калин Ивановски во два сета до второто коло на турнирот во Опатија
Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи на ИТФ фјучрс турнриот М15 Опатија. Тој денеска оствари победа во мечот од првото коло против Кејн Бонсах Генлеј од Данска со 2-0 во сетови (64 75) за 103 минути игра.
Ивановски имаше максимален учинок на брејк топки односно од двете прилики – двете ги искористи, додека успеа да спаси шест брејк шанси на противникот. Во вкупниот број поени во изедначениот меч скорот беше 74:64 за Ивановски.
Во второто коло Ивановски за противник го има шестиот носител Вјачеслав Биелински од Украина (21 година, 540 место АТП листа), кој го освои турнирот во Ровињ што се играше претходната недела. Биелински во првата рунда го совлада Нејтан Блохин од САД со 2-0 во сетови (63 60).