МакедонијаНајново

КАКО Е ЖИВ СО ТОЛКУ МНОГУ АЛКОХОЛ ВО КРВТА – ресенчанец фатен како вози со над 4 промили

СВР Битола во текот на вчерашниот ден (24.08.2022) продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија СВР Битола изречени се 59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за возење под дејство на алкохол од кои кај еден возач на подрачје на с.Перово, ресенско, биле измерени  4,07 промили алкохол.

Изречени се 10 мерки за непрописно паркирање, една мерка за некористење на сигурносен појас.
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons