Магазин

Како да заспиете за 60 секунди? Техниката 4-7-8 во ќе ви помогне против несоницата

Техниките за опуштање и дишење, визуелизирање на смирувачки сцени и подобрување на хигиената на спиењето, меѓу другите методи, можат да ви помогнат да заспиете побрзо.

Дали поминувате повеќе време обидувајќи се да заспиете наместо да спиете?Препорачаниот број на часови спиење зависи од вашите години, но на повеќето луѓе им требаат најмалку 7 часа сон во период од 24 часа.

Недостигот на сон може да предизвика штетни психолошки и физиолошки ефекти, како што се: постојан замор, немир или раздразливост, намалени перформанси, концентрација и меморија, зголемен ризик од депресија и анксиозност, зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и дебелина, пишува „Хелтлајн“ (Healthline).

Самиот чин на напорно обидување да заспиете може да предизвика циклус на вознемирена (анксиозна), нервозна енергија којашто ве држи будни.

Заспијте за 60 секунди

Методот има за цел да помогне да се смири умот со фокусирање на дишењето и опуштање на мускулите. Ако сте почетник, ова може да потрае до 2 минути.

4-7-8 метод на дишење

Овој метод на дишење го развил д-р Ендрју Веил, доктор по интегративна медицина, а се заснова на пранајама вежби. Колку повеќе ја практикувате оваа техника на медитација и визуелизација, толку поефикасно може да ви помогне да заспиете. За да се подготвите, ставете го врвот на јазикот на покривот на устата, зад двата предни заби. Чувајте го јазикот таму цело време и стиснете ги усните доколку е потребно.

Оставете ги усните малку да се разделат и испуштајте шум додека издишувате низ устата. Затворете ги усните и тивко вдишете низ носот. Бројте до 4 во главата. Задржете го здивот 7 секунди. Издишувајте (8 секунди).

Кога повторно вдишувате, започнува нов циклус. Завршете четири целосни циклуси, пишува „Хелтлајн“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons