Актуелно

КАЗНИ ЗА БЕЗМАЛКУ 900 ВОЗАЧИ, МВР со засилени контроли низ цела земја 

Вкупно 898 возачи се санкционирани во текот на вчерашниот ден во акциска контрола на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.

Како што соопшти МВР, 87 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 382 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 516 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – стои во соопштението од МВР. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons