И понатаму фали кадар во угостителството
Петнаесеттина илјади македонски граѓани и летово работеа на хрватското приморје, со тоа оставајки ги домашните угостители да ја поминат туристичката сезона со нестручен кадар, односно со средношколци и пензионери. Тоа на многу места донесе неквалитетна услуга. Дури и некои од газдите беа принудени да се најдат во улога на калнери или шанкери. Струга и Охрид најмногу ги почуствуваа последиците од ваквата состојба.
„Со текот на годините некој од персоналот кој го имаме заминуваат во пензија или се нови сили.Ние години наназад работиме со млади луѓе, кои две-три години доаѓаат кај нас. Годинава пробавме и со нови. Пробуваме прво да креираме персонал од нашето поднебје, кој е далеку поблизок и до туристите кои што доаѓаат и многу полесен за работа“, рече Ана Јанчева-менаџер на хотел во Струга.
Но Јанчева вели дека било тешко со ваков кадар да се помине сезоната. Решението се гледаше во носење на работници од Непал, Бангладеш и Филипини, дел од нив воопшто не дојдоа или пак, избегаа по краток престој овде, иако се најавуваше бројка поголема од 1000 странски работници само на Охридското крајбрежје.
„Дури и тие не не сметаат за дестинација на која треба да се потпрат. Оној персонал кој дојде од надвор зема поголема плата и од оние кои се тука и доколку ние на нашите им дадеме толкава плата ,колку што им нудиме на странците, со вклучено сместување и оброци, мислам дека и нашите ќе немаат причина да одат надвор“, додаде Ана Јанчева-менаџер на хотел во Струга.
Едно од решенија е газдите да го одврзат кесето и да даваат повисоки плати.
„Јас немав работници од трети земји. Трошоците за еден вработен од тие земји би чинеле од 1000-1200 евра, за сместување, храна,плата, осигурување. Можеби е добро да ги инспирираме домашните работници, тие 1000 евра да им ги дадеме ним, иако овој тренд на заминување не е веќе за пари, незнам колку ќе биде ефикасно, но мора да пробаме“, изјави Ерхан Папранику-хотелиер.
Но платите кои вработените во угостителскиот сектор во Македонија ги добиваат се се уште многу помали од оние во Хрватска, каде за келнери и шанкери се 1500 евра, а за готвачи и до 3000 евра. Според туристичките организации од Хрватска, постои зголемена побарувачка за работници и во текот на зимските месеци. Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека во Македонија најголем недостаток на работници има во угостителството и градежништвото, а досега се издадени околу пет илјади позитивни мислења за странски државјани, а годишната квота е 20 илјади./Алсат.мк