Македонија

И во Македонија има „Памук кале“, а еве каде се наоѓа

На само неколку километри од Прилеп, скриено меѓу мермерни карпи над селото Беловодица, се наоѓа вистинска природна атракција која од година во година привлекува сè поголем број посетители.  

Станува збор за познатото Мермерно езеро, воден бисер сместен во напуштен рудник за мермер, кој сега е новото омилено место за разладување и уживање за љубителите на природата.  

Езерото е длабоко околу 20 метри и содржи приближно 100.000 кубни метри вода. Веднаш на прв поглед импресионира со својата тиркизна боја која дополнително се истакнува поради контрастот со белите мермерни ѕидови што го опкружуваат.  

Токму поради овој уникатен изглед, жителите го нарекоа и прилепско Памук Кале, алудирајќи на познатата природна атракција во Турција.  

Со порастот на популарноста на езерото, се јавија и многу прашања меѓу посетителите за безбедноста на водата. Дали е безбедна за капење? Според испитувањата направени во 2016 година од страна на Центарот за јавно здравје од Прилеп, водата во Мермерното езеро е целосно исправна за капење и е од прва категорија. 

Ова значи дека езерото ги исполнува сите услови за рекреативно капење и е безбедно за посетителите.

Повеќе детали на Женски магазин

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons