Спорт

ИФАБ го промени фудбалското правило кое предизвика многу контроверзии оваа сезона

Меѓународниот борд на фудбалски федерации (ИФАБ) официјално го промени едно од најдебатираните правила во модерниот фудбал – ситуацијата што предизвика бурни реакции и влијаеше врз исходот во Лигата на шампионите оваа сезона.

Моментот што ја отвори дебатата се случи во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување, кога Хулијан Алварез од редовите на Атлетико Мадрид постигна гол од пенал, иако при изведбата топката случајно ја допре двапати.

По неколку состаноци одржани по завршувањето на сезоната, ИФАБ донесе конкретна одлука: од јули 2025 година, секој пенал при кој фудбалерот случајно ја допре топката двапати, а таа завршила во мрежата, ќе мора да се повтори.

Досега, судиите имаа одредена слобода при вакви ситуации, бидејќи постоечките правила не го опфаќаа конкретно овој вид двоен контакт. Сепак, во упатствата се наведуваше дека е „неправедно да не се санкционира двојниот допир, бидејќи тоа може да го измами голманот, поради променетата траекторија на топката“.

Во новото официјално правило на ИФАБ стои:

„Ако изведувачот на пеналот ја удри топката со двете нозе истовремено или ако веднаш по ударот таа случајно го допре другото стопало и тоа резултира со гол, ударот мора да се повтори.“

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons