Спорт

Историски успех: Младинците на Пелистер се пласираа на фајнл-фор во Лигата на шампиони 

Младинскиот тим на Пелистер се пласираше на завршниот турнир во Лигата на шампионите откако во драматичен меч го совлада Динамо Букурешт со 37-36 и го освои првото место во групата.

Младите пелистерци беа одлични во првото полувреме кое го добија со 18-12, но домашните ракометари на Динамо Букурешт се разбудија во вториот дел, го кренаа нивото и стигнаа до драматична завршница.

Во последните минути се играше гол за гол, на крајот Пелистер победи со 37-36.

Најефикасен во составот на Пелистер беше Алем Хаџиќ со 12 голови.

На фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите кој ќе се одигра во Келн на 14 и 15 јуни, покрај Пелистер ќе бидат и Барселона, Веспрем и данскиот ГОГ Гудме.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons