Историски успех за македонскиот спорт: Јана Атанасовска ќе настапи на Светскиот куп!
Maкедонската млада скијачка Јана Атанасовска испиша историја за нашата земја и ќе биде прва учесничка од Македонија во Светскиот куп.
Атанасовска учеството го обезбеди на само 18 години, а нејзиниот прв настап ќе биде во финскиот град Леви. Дисциплината во која ќе се натпреварува мкаедонската скијачка надеж е слалом, а првата трка е закажана за 16 ноември од 11 часот.ж
Настапот на Атанасовска претставува голем успех за македонскиот спорт, но и поставува нови стандарди и мотивација за следните генерации.
Атанасовска е веќе во Финска каде што се подготвува за борбата со најдобрите скијачки во светот.