ИНФЛАЦИЈАТА УРИВА РЕКОРДИ: Храната е најскапа во последните 30 години
Инфлацијата веќе има двоцифрен број во многу европски земји (11,9 отсто во Холандија во март, 14,8 отсто во Естонија и 15,6 отсто во Литванија). Во екстремни случаи, како Турција, инфлацијата се искачи на над 60 отсто во март (поточно 61,13 отсто).
Во целиот свет има недостиг од основни прехранбени производи, во земјите каде што има пак, забележале драстично поскапување… енергенсите се повисоки за 50 отсто. На пример во Хрватска струјата поскапела за 9,5 отсто, а гасот за 14 проценти според последната проценка.
Во Литванија цените се зголемени за 15,6 отсто
Според Евростат, цените на енергијата пораснале за дури 44,7 отсто за еден месец (во споредба со февруари 2022 година) и со тоа поставиле нови рекордни стапки низ Европа.
Според последните проценки, во март 2022 година цените пораснале за 9,3 отсто во Белгија, 7,6 отсто во Германија, 9,8 отсто во Шпанија, 7,9 отсто во Луксембург, 11,9 отсто во Холандија и 6,7 отсто во Австрија, Словенија 6 отсто и Словачка 9,5 проценти.
Особено висок раст на цените е забележан во Естонија (14,8 отсто) и Литванија (15,6 отсто).
Во Србија 8,8 отсто
Во Србија инфлацијата во февруари се забрза на месечна и на годишна основа, а една од главните причини беше забрзувањето на растот на цените на храната, објавено е во новиот број на стручното списание Макроекономска анализа и трендови (МАТ).
Во јануари и февруари 2022 година е забележана месечна инфлација од 0,8 отсто и 1,1 отсто, како и на годишна основа од 8,2 отсто и 8,8 отсто, потсетува МАТ.
Во Русија над 16,5 отсто
Потрошувачките цени во Русија во март пораснале за 7,61 отсто на месечно ниво, а на годишно ниво дури 16,69 отсто, објави пред неколку дена Федералната служба за статистика Ростат.
Во Русија цените на храната паднаа за 17,99 отсто на годишно ниво, останатите производи поскапеа во просек за 20,34 отсто, а услугите за 9,94 отсто заклучно со март.
Рекордни стапки ширум светот
Грција не забележа повисока стапка на раст на цените во последните 25 години. Годишното зголемување на инфлација во февруари порасна на 7,2 отсто. Како одговор на незавидната состојба на економијата, двата најголеми грчки синдикати, кои претставуваат околу 2,5 милиони работници од јавниот и приватниот сектор, повикаа на генерален штрајк.
Инфлацијата во Турција надмина 60 отсто (точно е 61,14 отсто), а цените на храната во таа земја според официјалните податоци двојно се зголемија. Економистите сметаат дека растот на цените во Турција ќе остане висок до крајот на годината, а предвидуваат дека инфлацијата на крајот на годината ќе изнесува околу 52 отсто.
Најскапата храна во последните 30 години
Во март, глобалните цени на храната, следени од Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (УНФАО), се искачија на највисокото ниво од 1990 година, т.е. од годината кога воопшто се вреднуваат и следат.
Индексот на потрошувачка кошничка на ФАО порасна за 12,6 отсто во март од просечните 159,3 поени во февруари, достигнувајќи ново највисоко ниво од 1990 година.