Спорт

Интер Мајами му нуди нов договор на Меси со интересна опција

Интер Мајами разговара за продолжување на договорот со аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, пренесува Марка.

Актуелниот договор на 37-годишниот напаѓач со клубот од МЛС истекува на крајот на оваа година.

Меси доби понуда за договор до крајот на 2026 година.

Дополнително, новиот договор би можел да вклучи опција за потенцијална позајмица на Меси на европски клуб во текот на сезоната во МЛС.

Меси игра за Интер Мајами од летото 2023 година. За тимот има одиграно 39 натпревари, постигнувајќи 34 гола и 18 асистенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons